И оваа година изборот на песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот натпревар не помина без скандалозно однесување на организаторот.
И покрај тоа што пошироката публика избра свој разлиен фаворит сепак 50:50 моделот на гласање овозможи стручната жири комисија да има свое пресудно значење во изборот на евровизискиот претставник на Македонија.
Сепак имајки предвид дека евровизија е фестивал на кој што квалитетот не секогаш излегува на површина, ние во оваа наша објава ќе се задржиме на младиот и талентиран Јон Иди кој што со својата песна “Соништа” (анг. Dreams) ни остави најголем впечаток.
Оваа песна со сигурност ќе опстои да биде запаметена од пошироката публика која што од музиката бара сентимент и длабоки чувства кои што се прелеваат низ лириката и звукот на оваа песна.
Дефинитивно Јон Иди е музики артист на кој што во иднина публиката и продикциските куќи ќе треба да му обрнат многу, многу поголемо внимание затоа што во него се крие светска ѕвезда која многу ветува.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!