Во ова видео во продолжение од вчерашното чествување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е сублимирани сите причини зошто СДСМ и нивните сателити во власта кои рамо до рамо со нив учествуваа во раскрчмувањето на Македонското национално битие во изминатите 5 години, тврдоглаво бегаат од предвремени парламентарни избори.
Револтот на Македонскиот народ е веќе стигнат до точка на вриење а ваквиот револт ќе продолжи да расте и во претстојниот период, со оглед на општата криза во сите сектори на општествено живеење.
Единствено слепата желба за власт која им обезбедува временски маневар за трензиција на сите криминогени и штетни структури на поединци од власта во изминатите 5 години е причината која што го држи кохерентно владеачкото парламентарно мнозинство во собранието кое е алиби за опстојот на СДСМ и ДУИ на власт во државата.
Ваквата состојба е неодржлива и може лесно да се претвори во безбедносна нестабилност поттикната од социјални немири а потхранета од длабоката политичка поделба и партиска нетрпеливост во општеството.
Од тие причини меѓу другото потребни се предвремените парламентарни избори да се одржат што поскоро за да може народот да го искаже своето мислење (револт) и работите во државата да завземат посакуван правец на политичко содејство на сите релевантни политички структури.
Пишува: Анастасов Кирчо


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!