БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Државниот ревизор даде неповолно мислење за работата на општина Арачиново во 2021 година. Зошто другите општини воопшто наплаќаат даноци?

Пренеси го гласот

Беззаконието во државата и нерамноправниот однос т.е. дискриминацијата на властите кон граѓаните на територијата на Република Македонија најдобро се согледува преку Конечниот ревизорски извештај за финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност
на Општина Арачиново, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година.

Во апстрактот споделен со јавноста од страна на ДЗР може да се забележат серија на неповолни состојби кои што допринесуваат за прашањето зошто граѓаните во Брегалничкиот Регион кој што важи за еден од насиромашните во државата воопшто плаќаат даноци на своите општини, кога нивните сограѓани кои живеат во Арачиново то не го прават.

“Извршена е ревизија за 2017 година и издаден е Конечен извештај за финансиските
извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, сметка на основен
буџет (630), при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за
реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со
закони и прописи изразено е неповолно мислење.
Ревизијата опфати спроведување на препораките презентирани во Конечниот
извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските
извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на Општина Арачиново и утврди
дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на
спроведување.
Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај
Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630) за 2021 година, констатирани се
следниве состојби:

– слабости при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на
планираните приходи и расходи од 77% и не донесен ребаланс на Буџетот за
2021 година;

– не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска
соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија;

– општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за
задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет

-на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно
Методологијата за утврдување на пазарната вредност;

-општината не остварува приходи по основ на: комунална такса на фирма,
комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса
за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од
надоместок за уредување на градежно земјиште;

-не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и
правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот
за нивно постоење и можноста за нивна наплата.”

-стои во апстрактот пренесен до јавноста до ДЗР од целиот извештај на овластениот државен ревизор.

bregalnickimarketing

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со
цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на
подобрување на состојбите.
Во делот останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во
законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и
точност на остварените приходи кај општините, а кои се однесуваат и тоа:

  • не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на
    возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со
    моторни возила на сметка на општината;
  • не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на
    електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување
    јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за
    бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број,
    како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ;
  • општината нема информации за висината на средствата што треба да се
    уплатат во буџетот на општината по основ приходи од закуп на земјоделско
    земјиште во сопственост на државата утврдено со Законот за земјоделско
    земјиште;
  • општината располага со податоци за склучените договорите за концесија за
    експлоатација на минералните суровини и врши увид на уплатените средства
    од концесиските надоместоци, но нема можност да ја потврди нивната
    целосност и точност.
    Не се добиени забелешки на Нацрт Извештајот на овластениот државен ревизор
    број 16-133/1 од 25.01.2023 година.

-продолжува понатаму со своите наводи во самиот апстракт од извештајот на ДЗР

Во прилог на известувањето до јавноста се испратени апстракти на извештаите (македонска и албанска верзија) и линкови за директен пристап до извештаите.

https://dzr.mk/sites/default/files/2023-04/100_163_ELS_Arachinovo_Smetka_osnoven_budzet_630_2022.pdf

https://dzr.mk/sites/default/files/2023-04/101_163_ELS_Arachinovo_Smetka_osnoven_budzet_637_2022.pdf

https://dzr.mk/sites/default/files/2023-04/102_163_ELS_Arachinovo_Smetka_na_priohd_na_budzet_na_dotacii_930_2022.pdf

Креирано од:


Пренеси го гласот