Во предложените измени на Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство кој што е дел од пакетот закони за реализација на коридоритет 8 и 10 а од страна на Бехтел и Енка предложен во собраниска процедура по скратена постапка, постои опасност од буквално газење, затрупување и уништување на културното археолошко наследство во Македонија.
Во предложените измени кои што се појавија во јавноста без официјално објавување од страна на владата наместо досегашната пракса за пријавувње на можно археолошко наоѓалиште на стручни служби од сферата на недвижното културно наследство или до МВР, ќе може да помине само со пријава до надзорниот инжинер кој е одговорен за надзорот на објектот. Претходно Македонската јавност беше сведок на скандалозниот тендер со огромни можности за коруптивни дејства преку кој беше избран надзорниот орган за овие објекти, па така со ваквата состојба на уредени односи постои сомневање за огромни можности цели потенцијални археолошки наоѓалишта да бидат уништени од страна на изведувачот на работите во интерес на побрзото завршување на градежните работи што допринесува за помали трошоци на изведувачот.
Ваквиот развој на настаните не смее да помине во парламентот а секој пратеник кој што ќе гласа за усвојување на вака предложените законски измени гласа директно против постоењето на Македонскиот идентитет, традиција и цивилизациски вредности.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пирамиди позади грб, сребрен медал на градите: успех за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Александрија, Египет
Министерот Перински во посета на општините Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи
Во организација на МАНУ, во Охрид се одржа Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница