“Почитувани, Лицемерие и хипокризија е она што го видовме вчера од страна на ,,избраниот” премиер Димитар Ковачевски.Тој зборуваше и се фалеше без тронка срам за сите пропусти, лоши политики и национални предавства.
Г-не Ковачески, што останува кога една една личност ќе го изгуби елементарното чувство за срам? Зошто не кажете јавно дека покачената минимална плата заедно со просечната, не даваат заедно ни една месечна потрошувачка кошничка??
Како тоа, за Вашата сопруга е ,,замрзната” цената за купување државно земјиште по 70 денари по метар квадратен??
Дали сеуште плаќате Г-не ,,премиер” 300 евра дневно за реклами по социјалните мрежи?? Дали машиновозачите ја земаа февруарската плата??
Дали здравствените работници го добија долго најавуваното фамозно покачување од 1200 до 2000 денари??
Дали имате траса за коридорите 8 и 10, дали го уништуваат културното наследство и дали е започната експропријација на земјиштето??
Дали собравте пари за печатење за сите учебници до крај на годината??
Како тоа, Г-не Ковачевски, да нема парични средства за болните од цистична фиброза а да има скоро еден милион евра (900 000 евра) за четворицата ,,експерти”??
Г-не Ковачевски, кога ќе одговорите на овие прашања, тогаш ќе може да се фалите од нашиот град Кочани.Дотогаш може само да си го облечете елекот заедно со ,,италијанските кукли” до вас, и да бидете реклама за еден иден Титаник.
П.С.Двапати во Вашата изјава кажавте ноторна лага дека сте ги покачиле субвенциите на оризот за 300%. “
-Интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани