Судирот на левицата и десницата се пресликува на сите нивоа во светската историографија:
-Од лични преференци и избори на поединецот на индивидуално ниво до
-светски воени, политички, културолошки, економски и други сојузи.
Судирот на левицата и десницата е длабоко вроден во природата на човековото постоење и сегментација и стереотипизација на одредени човечки манифестации во околината на неговото делување.
Судирот меѓу левицата и десницата во Европа има длабоки историски корени и се одразува низ различни форми на политичка, економска и културна борба. Иако постојат нијанси и варијации меѓу земјите, главните класични карактеристики и разлики меѓу политичките определби на левицата и десницата можат да се сумираат вака:
🔴 Левица (социјалдемократи, социјалисти, комунисти, зелени)
Главни карактеристики:
-Економија: Поддршка за јавниот сектор, прогресивни даноци, социјална распределба на богатството, силна социјална држава.
-Општествени вредности: Промоција на еднаквост, права на малцинства, родова еднаквост, имигрантски и ЛГБТ права.
-Улога на државата: Активна улога на државата во регулирање на пазарот и обезбедување социјална правда.
-Миграција и интеграција: Поддршка на мултикултурализам, интеграција на мигранти, антирасистички политики.
-Надворешна политика: Скептицизам кон воени интервенции, фокус на дипломатија, меѓународна солидарност.
🔵 Десница (либерали, конзервативци, националисти, христијански демократи, десничари/екстремна десница)
Главни карактеристики:
-Економија: Слободен пазар, намалување на даноци, приватизација, помала улога на државата во економијата.
-Општествени вредности: Традиционализам, семејни вредности, христијанска етика, скепса кон брзи општествени промени.
-Улога на државата: Помала државна интервенција, освен во безбедносни и национални прашања.
-Миграција и интеграција: Строга миграциска политика, фокус на асимилација, заштита на национален идентитет.
-Надворешна политика: Национален интерес пред сè, скептицизам кон ЕУ и глобализмот (особено кај популистичката десница).
Овие вредносни разлики меѓу левицата и десницата во извесен период во изминатите децении имаа тенденција да се измешаат преку т.н. центристичко делување па имавме/ме партии лево или десно од центарот и класично центристички партии, но во основа поделбата на левица и десница е кохерентна во текот на целата човекова историја а продолжува до ден денешен, за да после Ковид пандемијата во 2020 година врз основа на суштинските разлики меѓу двата идеолошки блокови се појават критични точки на приближување и мешање на двете идеологии
Левицата од тогаш се соочува со предизвик да ги реафирмира класните прашања во доба на културни конфликти и глобализација, а Десницата расте преку популизам, национализам, анти имиграциски дискурс, и критика кон ЕУ чија што политика во огромна мера е доминирана со филувани центристички политики кои во основа се екстремно левичарски.
Клучни разлики во судирот меѓу левицата и десницата:
Област | Левица | Десница |
---|---|---|
Економија | Прераспределба, државна интервенција | Либерализација, слободен пазар |
Идентиетска политика | Мултикултурализам, инклузија | Национализам, традиционализам |
Миграција | Поддршка на мигрантите и бегалците | Рестриктивни мерки и заштита на граници |
ЕУ и интеграција | Проевропски, социјален европеизам | Евроскептицизам (особено кај популисти) |
Климатска политика | Зелена транзиција, еколошка правда | Скепса кон „зелени“ трошоци |
Културни прашања | Либерални ставови (ЛГБТ, абортус) | Конзервативни и верски мотивирани ставови |
Во поглед на процесот на интеграција на земјите во Европа во лицето на Европската Унија на јавна сцена се манифестира овој судир на вредносни системи.
На ниту еден левичар-бирократ во Брисел нема да му биде сеедно доколку Македонија како доминантна конзервативна про-десничарска земја влезе во процес на интеграција на пристапни преговори за членство во ЕУ. Тоа би значело уште една политичка сила повеќе во базенот на десничарска доминација во ЕУ моментално. Затоа сите левичарско-социјалистички политички структури синхронизирано работат на деноминација на секој еден десничар-политичар вклучително и во Македонија.
Токму тоа можевме да го видиме на јавна говорница во Македонија од страна на Марта Кос- словенечката комесарка за проширување на ЕУ во бирократскиот сталеж раководен од страна на Урсула Фон Дер Лејен чиј мандат на чело на Европската кКомисија во основа се базира на левичарски центризам.
Точно поради тој политички левичарско-центристички естаблишмент кој што доминира во јавниот дискурс на Брисел, во Европа нема место за доминантно конзервативната Македонија. А обидите на тие левичарско-социјалистички центри на моќ нема да престанат да ја преобразат доминантно конзервативната Македонија во некаков центристичко-левичарски сурогат- експеримент.
Извештајот на Парламентарното собрание кој има тенденција да го избрише Македонскиот Јазик и идентитет од официјалниот наратив во текстот на извештајот е точно таа острица на пресметка со името Македонија кое во суштина значи десничарство-конзервативиам- длабока генеза во традицијата на Македонското постоење од памтивек.
Европа има потреба да раскрсти со минатото преку бришење на се што е содржано во вредносниот систем кој се крие зад името Македонија, за да успешно продолжи со својот левичарско-центристички проект кој има за цел да го држи народот на Европа покорен преку дозирана сиромаштија пресликана во масовни граници, наспроти малкумина финансиски богати центри на контрола и моќ.
Затоа на таа левичарско-центристичка Европа не и одговара отворен Европски пазар кој не може да постои без интегриран Западен Балкан со доминантната геостратешка улога која ја има Македонија.
На таа левичарско-социјалистичка Европа не и одговара развиена Европа со богати граѓани, за да може да ги користат своите социјалистички флоскули на социјална правда зад која се крие неспособност, неработливост, живеење како крлеж на грбот на работливите луѓе кои знаат да создадат додадена вредност која води до одржлив развој.
Затоа таа левичарско-социјалистичка Европа со сите сили се труди да спречи влез на Македонија во ЕУ, вечно практикувајки идиотски услови за уцена на Македонските власти за бришење на Мекeдонскиот идентитет.
Па затоа ќе кажуваат на јавна сцена дека идентитетот бил полнети пиперки, погача, итн.
Македонските граѓани ќе влезат во ЕУ, како Македонци! За тоа да се случи Европа треба да стане Една- Единствена, така како што била замислена уште во самиот почеток на нејзините корени:
Заедница на независни и суверени држави, а не федерација на региони.
За идентификација на различните политички сили во моментот во Европа во продолжение ќе ги набројам доминантните политички сили помеѓу левицата и десницата во неколку најзначајни европски држави за да знае Македонската јавност од каде иде негирањето на Македонското постоење и идентитет:
🇫🇷 Франција
➤ Левица:
- Главна партија: La France Insoumise (Непокорена Франција – Жан-Лик Меланшон)
- Фокус: социјална правда, права на работниците, антикапитализам, поддршка за мигранти и клима-правичност.
- Проблем: раздробеност на левицата, тешка координација со социјалистите и Зелените.
➤ Десница:
- Главна сила: Rassemblement National (Национално обединување – Марин Ле Пен / Жордан Бардела)
- Фокус: национализам, рестриктивна миграциска политика, „француско прво“, евроскепса.
- Тренд: растечка популарност, особено меѓу младите и работничката класа. Можно преземање на власта во наредни избори.
🇩🇪 Германија
➤ Левица:
- Социјалдемократи: SPD (канцелар Олаф Шолц) – владејачка партија, но со паднат рејтинг.
- Зелени: фокус на клима, либерални вредности, но под притисок поради енергетската криза.
- Die Linke: ослабена поради поделби.
➤ Десница:
- CDU/CSU: традиционална десница, про-ЕУ, умерен конзервативизам.
- AfD (Алтернатива за Германија): десничарско-популистичка, антиимиграциска, евроскептична.
- 2024/25: пораст до 20% на национално ниво, особено силна во источна Германија.
🇵🇱 Полска
➤ Левица:
- Lewica (Обединета левица): мал рејтинг, но коалициски партнер во сегашната влада.
- Фокус: трудови права, женски права, секуларизација.
➤ Десница:
- Право и правда (PiS): конзервативна националистичка партија, порано на власт (до 2023), силен фокус на традиционални вредности, ЕУ скепса, анти-ЛГБТ риторика.
- Конфедерација (крајна десница): расте кај младите.
➤ Центар/промена:
- Граѓанска коалиција (Туск): моментално на власт, либерален центар, проевропски.
🇮🇹 Италија
➤ Десница (на власт):
- Браќа на Италија (Giorgia Meloni): националконзервативна, против масовна миграција, фокус на италијански интерес.
- Сојузот (Салвини) и Форца Италија (Берлускони): партнери во десничарската влада.
➤ Левица:
- Демократска партија (PD): либерална, социјалдемократска, се обидува да рехабилитира позицијата.
- Movimento 5 Stelle (M5S): некогаш популисти, сега левоцентристички, но без јасна ориентација.
🇭🇺 Унгарија
➤ Десница:
- Фидес (Виктор Орбан): доминира 14+ години. Ултраконзервативна, антиимиграција, анти-ЛГБТ, проруска реторика, скепса кон ЕУ.
- Фокус: „нелиберална демократија“, силен национален идентитет.
➤ Левица/опозиција:
- Раздробена, слаба и неефективна.
- Партиите како Momentum и Democratic Coalition имаат урбан рејтинг, но не се закана за Фидес.
🔎 ЗАЕДНИЧКИ ТЕНДЕНЦИИ ВО ЕВРОПА (2024–2025)
Област | Левица | Десница |
---|---|---|
Економија | Социјална држава, зелена транзиција | Економски популизам, фискален конзервативизам |
Миграција | Инклузивна, про-бегалска политика | Рестриктивна, заштита на граници |
Култура/идентитет | Либерални вредности, мултикултурализам | Традиционализам, анти-woke идеологија |
ЕУ/надворешна | Проевропски, за федерализам | Евроскепса, суверенизам |
Комуникација | Традиционални медиуми, интелектуализам | Социјални мрежи, директен популистички стил |
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели
За силна држава Македонија, потребни се силни Македонски одлуки, Премиерот да опстои до крај на својата најава!
Тие што не сакаат развој на Европа, тие не дозволуваат Македонија да стане членка на ЕУ!