БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делчево од утрината е под опсада на еколошка катастрофа: ОЈО и МВР Делчево да се вклучат во решавање на проблемот!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Отровни гасни јазици кои потекнуваат од делчевската депонија од утрото денеска ја прекрија делчевската котлина во чие што средиште се наоѓа градот Делчево.

Ваквата состојба се повторува со години наназад при која согорување на делчевската депонија до секој дом во Делчево праќа отровни гасови, кои што алармантно негативно се одразуваат врз здравјето и квалитетот на живот за делчевчани.

Надлежните локални институции на чие чело стои градоначалникот на Делчево Горан Трајковски не може да се справи со оваа апокалиптична појава, и покрај сите апели, аларми, укажувања и настојувања на граѓаните на Делчево во изминатите години дека нивните животи се загрозени.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Решението на проблемот на потпалување на делчевската депонија е рак рана за Делчево и делчевчани која што во најкус можен рок треба да се отстрани. Тоа е можно пред се со политичка волја и здрава институционална организираност и поставеност на локалниот систем за заштита и спасување во кој што градоначалникот го има доминантното место и улога.

Во ваква ситуација кога најодговорниот во општината нема никаква видлива активност за борба против овие отровни гасови, потребно е репресивните органи на државата да се позанимаваат со овој проблем, се со цел да обезбедат здрава животна средина за граѓаните.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати повик до Основното Јавно Обвинителство во Делчево и МВР да се вклучат согласно своите надлежности во решавање на овој горлов проблем кој што со години ги труе делчевчани:

“Еколошката катастрофа во Делчево од ова утро е факт!

Го повикуваме ОЈО Делчево и ОВР Делчево да поднесат соодветни пријави по допрен глас кон надлежните за ваквата негрижа кон здравјето на жителите на Општина Делчево!”

-напишаа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот совет на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace