На 15 декември со почеток во 10.00 часот во амфитеатарот бр. 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје ќе се одржи традиционалниот настан „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“ кој третира прашања поврзани со пчеларството.
На настанот свое забележително учество ќе имаат повеќе експерти од оваа област како од Македонија така и од странство.
Во продолжение ја пренесуваме поканата за настанот упатена до јавноста од страна на организаторите:
“Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“. Настанот, кој MacBee веќе традиционално го организира неколку години наназад и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи.
Главен презентер ќе биде гостинот од Австрија, г-ца Ана Пернер, професионален пчелар. Г-ца Пернер има долгогодишно искуство на пчеларење на семејната пчеларска фарма, која е една од најголемите производители на пчелни матици во Австрија. Таа е ангажирана и како секретар во Австриското здружение на одгледувачи на Крањска пчела (ACA).
Темата на која ќе презентира г-ца Пернер е „Наш начин на пчеларење“. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење