БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Молк на Дарко Каевски за службеното патување за приватни цели, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Претседателот на младинската организација на СДСМ, Дарко Каевски како Директор на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија упорно молчи за своите службени патувања во странство за кои инкасирал на свое конто големи финансиски сретства за дневници и патни трошоци.

Дополнително молчи за високите суми на дневници и патни трошоци инкасирани на личните сметки на свои блиски соработници исто така како резултат на слу=бени патувања во странство.

За ваквите нивни постапки пишувавме претходно на нашиот портал.

Дополнително од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат во јавноста за нови детали околу “авантуристичкиот” нагон на младиот Каевски кој што според опозициската партија ги злоупотребувал службените патувања за приватни цели.

Во продолжение ја пренесуваме во целост реакцијата на Комисија за спорт на ВМРО – ДПМНЕ:

“Почитувани, сагата на авантуристот Каевски и неговите сопартијци продолжува.
Дознаваме дека директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, за време на т.н. службено патување за приватни цели, се прошетал и до Грац, Австрија. За тоа сведочи и поднесената сметка од паркинг на 22.01.18. За да биде трагедијата поголема, службениот автомобил со којшто патувале на државна сметка низ земјите, им се расипал и морале да викнат шлеп служба, за што сведочи поднесената сметка со цел да биде подмирена од парите на граѓаните. Во прилог се и сметките од патарините коишто ги поминале, но бидејќи автомобилот им се расипал, не се знае како се вратиле.
Средба со словенечки државен претставник од областа на спортот немале, како што немале ниту со австриски.
За ова Каевски молчи, а молчат и неговите сопартијци! “

-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ги споделуваме документите кои говорат во прилог на тезите на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ:

Креирано од:


Пренеси го гласот