БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Расклинкување на катастрофалното владеење на Зоран Заев по сите проблематични аспекти во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето вчерашно интервју на ТВ АЛФА на најдиректен начин го разобличи проблематичните аспекти на лошото владеење на актуелната политичка гарнитура во државата, предводена од страна на Зоран Заев и СДСМ.

Во интервјуто Николоски во своевидна дебата со новинарот Горан Момировски точно и прецизно ја аргументираше генезата на проблемите во Македонското општество генерирана од лошите политики и неработењето и неспособноста на партиската инсталација на СДСМ во сите нивоа на државата.

Стана збор за речиси сите актуелни политички прашања кои се одразуваат директно на лошиот животен стандард и квалитет на живот за граѓаните на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Александар Николоски го нотираше клучните аспекти за кои се говори во ова интервју:

Вчерашното интервју на ТВ Алфа, во кое со новинарот Горан Момировски разговаравме за многу актуелни политички теми:
– Излезе на виделина она што ние цело време зборувавме а тоа е дека постои спрега помеѓу Заев, СДСМ и СЈО
– Косово има три пати помал буџет од Македонија. Капиталните инвестиции во Косово изнесуваат 780 милиони евра, во Македонија се предвидени 400 милиони евра за истата ставка
– Во времето на СДСМ се влезени 2,5 странски инвеститори, сите договорени во време на ВМРО-ДПМНЕ
– Во 2018 година трајно во земји членки од ЕУ се иселиле 33.357 граѓани.
-Заев знаел за навивачите во МНТ, но молчел и кога скандирале пред него националистички слогани
– ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е кредибилен партнер на најголемата политичка партија во Европа, ЦДУ на Ангела Меркел и дека е почитуван член на ЕПП
– Заев со Американците – Американец, со Русите – Русин а во суштина е криминалец
-Човекот кој потпиша дека имаме заедничка историја со Бугарија зборува за патриотизам
-Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи дека не постои македонски јазик и дека Гоце Делчев не бил Македонец, тоа нема да се случи без разлика на цената која што треба да се плати
-Со исклучувањето на Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ повлековме чекор кон прочистување на партијата.

Погледнете го целото интервју во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace