Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното свое гостување во дебатната емисија “Што не е јасно” ги прецизираше заложбите на партијата за превземање на власта на наредните договорени предвремени парламентарни избори на 12-ти април.
Според Александар Николоски очекувањата на партијата се дека ќе победи убедливо на изборите со освојување над 60 пратеници за обезбедување на стабилно парламентарно мнозинство за формирање на стабилна влада.
Во врска со можното коалицирање со некоја друга партија, Николоски напомна дека тоа партијата нема да го прави по секоја цена за да дојде на власт а можната коалиција најави дека ќе биде раководена врз основа на програмски и концепциски договор кој ќе обезбеди реализација на предвидената програма за Обнова на Македонија.
Погледнете го делот од емисијата во продолжение каде Николоски говори за овие теми:
Очекуваме голема поддршка од граѓаните и да освоиме над 60 пратеници за да не зависиме од никого за формирање Влада.
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) November 26, 2019
ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира само со оној со кој што ќе може да се договори кадровски, концепциски и програмски. Немаме концесии и обврски спрема никого. pic.twitter.com/TUnn7Y0AwH


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери
dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори