БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Едни од најзначајните рап-метал состави Body Count со нова бескомпромисна музичка нумера

Пренеси го гласот

Еден од најзначајните рап- метал состави Body Count пред неколку денови ја ообјавија својата најнова хит-сингл нумера под наслов Fuck what you heard.

Станува збор за најновото музичко остварување на Ајс Ти со неговиот бенд кој што од 1990 година д ден денеска докажува како се практикува слобода на музичкиот израз и наратив на најдобар можен начин.

Од артистичка гледна точка станува збор за епска музичка подлога на тежок треп метал звук со down музички наратив кој што е жестока подлога на лириката на Ајс Ти кој на свои 66 години се уште е свеж идеал за силна рап лирика која има предиспозиции да го менува светот.

Политичката “некоректност” која не кореспондира со црно-белите поделени политички елити во САД удира силно во потсвеста на слушателот што претставува можеби најсилно оружје на слободоумниот музички бенд во услови на општи усилби за покорување на волјата и свеста ан мнозинството граѓани низ целиот свет.

Песната е силна, потресна и бескомпромисна, што заслужува повторно и повторно слушање за секој поединец чиј што идентитет и слободи се под закана за поништување.

“Fuck what you heard” доаѓа по хит синглот “Psychopath” објавен пред околу еден месец кој што пак дојде по хит синглот од 2020 година “Bum-Rush,” за кој што бендот освои Греми награда за најдобра метал изведба. Најавениот албум “Merciless” на Body Count доаѓа по 35+ годишна музичка и артистичка кариера на бендот во која што бендот успеа да изгради култен статус помеѓу своите фанови и страв и трепет за остатокот од музичката индустрија. За ликот и делото на Ice T уредниците на еден од најзначајните музички магазини NME ќе кажат “се додека има неправда, ќе има потреба за виталниот бренд и хард кор на Ајс Т.”

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот