По изјавите на официјалните претставници на Министерството за образование и наука во врска со исполнувањето на законските одредби за нивелацијата на платите во образованието, со свое соопштение во јавноста излегоа од Независниот Синдикат за образование и наука:
“Независниот синдикат за образование и наука ги поздравува најавите на МОН за спроведување на Член 13 од Општ колективен договор за јавен сектор потпишан од страна на Сојуз на синдикатите на Македонија во кој предвидува порамнување на платите во јавниот сектор во процент еднаков на растот на просечната плата кој се предвидува да биде околу 12% во Март 2025. Во сојузот како член неодамна се придружи НСОН поради што наставниците од средно и основно образование како и останатите гранки на образовниот сектор добија регрес за изминатата година, а од Март 2025 ќе добијат и покачување на плата од 12% според потпишаниот општ колективен договор
Како Независен синдикат за образование и наука БАРАМЕ од Министерството за образование и наука во периодот до Март 2025, пред да стапат одредбите од Општ колективен договор за јавен сектор во целост да бидат спроведени одредбите од Колективен договор за основно образование и Колективен договор за средно образование, а со тоа да биде исправена неправдата која беше нанесена на сите просветни работници во последнава деценија. БАРАМЕ од МОН во целост да биде спроведена пресметката за плата предвидена во Член 34 и 35 од Колективните договори за основно и средно образование.
Независниот синдикат за образование и наука како член на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе продолжи целосно да се посветува секое право од колективните договори потпишани од нашата организација во целост да бидат испочитувани и спроведени. Го охрабруваме синдикатот потписник на колективните договори за основно и средно образование со истиот интензитет да влезе во одбрана на одредбите за пресметка на плата пропишани во колективните договори за основно и средно образование.”
-стои во соопштението на Независниот синдикат за образование и наука упатено до јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пирамиди позади грб, сребрен медал на градите: успех за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Александрија, Египет
Министерот Перински во посета на општините Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи
Во организација на МАНУ, во Охрид се одржа Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница