Потребни состојки:
– 400 грама јагоди
– 4 јајца
– 200 милилитри шлаг
– Зацврстувач за шлаг
– 200 грама пишкоти
– 30 милилитри рум
– 200 грама шеќер во прав
– 500 грама маскарпоне сирење
– 200 милилитри кафе
– Какао во прав
Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечете ги на половина. Околу половина од нив пасирајте ги со рачен миксер, а остатокот исечете ги на четвртини. Во сад сматете 3 жолчки, 1 јајце и шеќер во прав. Матете додека смесата не се соедини и стане пенеста и светла.
Со постојано мешање, додајте го пирето од јагоди и маскарпонето. Сматете го шлагот и зацврстувачот за шлаг и додадете го во смесата. Потоа смешајте го кафето и румот и во добиената мешавина потопете ги пишкотите.
Во калап ставете еден ред натопени пишкоти, потоа еден ред исечкани јагоди и еден слој од кремот. Повторете 2 пати и потоа рамномерно измазнете го колачот.
Подготвеното тирамису ставете го во фрижидер да отстои преку ноќта и посипете го со какао во прав.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости