БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ексклузивно: Извадоци од Меморандумот за соработка кој утре ќе биде потпишан од широкиот фронт на #Бојкотирам

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За недела 05.08.2018 година во Скопје е најавено потпишување на Меморандум за стратешка соработка во врска со референдумот за промена на името на 30 сештемвро 2018 година, од политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи, поединци од Република Македонија и од целиот свет.

Во продолжение Ви пренесуваме неколку клучни извадоци од текстот на Меморандумот:

ДЕЛ ОД ЦЕЛИТЕ НА СОРАБОТКАТА

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

…..Завладеа теророт во државата, насилство, уцени, закани, медиумскиот простор се претвори во најстрашно едноумие, се врати досието за македонски екстремизам, се гони секој Македонец кој може да поведе народ и кој си ја сака Татковината. Живееме во услови идентични како од фашистичката окупација.

Тргнувајќи од ваквата состојба, здружувајќи ги силите и користејќи ги сите патриотски, стручни и научни потенцијали, се обврзуваме пред македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, вистински и патриотски, а не лажно и предавнички, да понудиме решение за името определувајќи се да го повикаме македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не излегуваат на референдумот на 30 септември 2018 година…….

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ И МЕХАНИЗМИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Формирање на Кризен штаб за референдумот со претставници од потписниците на овој Меморандум како национално тело кое ќе утврди План на активности. Кризниот штаб ќе раководи со работата на терен, следење и реализација на Планот на активности во кој ќе бидат вградени решенијата за успешен бојкот на референдумот;

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Соработката ќе се остварува се до остварување на целта утврдена со овој Меморандум.

Активностите поврзани со овој Меморандум ќе се спроведуваат ширум Република МАкедонија на национално и на локално ниво.

Добредојдени се сите организации, политички, граѓански и други правни субјекти како и сите поединци да се вклучат во оваа заедничка борба за бојкотирање на референдумот на 30-ти Септември, со што ќе се спречи промената на Уставот и Името на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace