„Драг Дуче,
Мојата безгранична посветеност кон вас, се надевам, ми дава право на некаков начин да отстапам од строгиот воен протокол. Затоа брзам да ви опишам еден настан на кој лично присуствував пред три недели.
Додека ги посетував областите Столац, Чапљина и Љубиње (помеѓу 60 и 130 км северно од Дубровник) – од нашите разузнавачи дознав дека усташите на Павелиќ извршиле злосторство во едно село (Пребиловци) претходниот ден, и дека кога ќе се дознае, околните Срби повторно ќе се вознемират.
Ми недостасуваат зборовите за да опишам што најдов таму. Во големата училишна училница, најдов заклана учителка и 120 нејзини ученици! Ниедно дете не беше постаро од 12 години! Злосторството е несоодветен и наивен збор. Ова што го видов ја надвладеа секоја лудост!
На многумина од децата им беа отсечени главите кои беа наредени на училишните клупи. Усташите ги извадиле цревата од искинатите утроби и, како новогодишни ленти, ги растегнале под таванот и ги забиле во ѕидовите со шајки! Ројот муви и неподносливата смрдеа не ни дозволија да останеме таму подолго. Забележав искината кеса сол во аголот и бев шокиран кога видов дека ги колеле полека, солејќи им ги вратовите! И токму кога си одевме, на задното седиште се слушна детско грчење. Пратив двајца војници да видат што е тоа. Извадија еден ученик, тој сè уште беше жив, дишеше со пресечено грло на половина! Го однесов тоа кутро дете во нашата воена болница со мојот автомобил, го врадивме во свест и ја дознав целата вистина за трагедијата од него.
Злосторниците прво, пак, силувале српската учителка (се вика Стана Арнаутовиќ), а потоа ја убиле пред децата. Силувале и осумгодишни девојчиња. Во текот на сето тоа време, цигански оркестар донесен со сила пееше и удираше по дајрињата!
За вечен срам на нашата, Римската црква, еден Божји човек, еден пастор, учествувал во сето ова! Момчето што го спасивме се опорави брзо. И штом раната заздрави, пораади наше невнимание, тоа избега од болницата и отиде во своето село да ги побара роднините.
Пративме патрола по него, но залудно; го најдоа на прагот од неговата куќа! Од илјада или повеќе души, нема никој останат во селото! Истиот ден откривме дека подоцна, кога е извршено злосторство во училиштето, усташите заробиле уште 800 жители на селото Пребиловци и ги фрлиле сите во јама или ги убиле на животински начин на патот кон јамата.
Спасени се само околу 300 мажи. Само тие успеале да го пробијат усташкиот обрач околу селото и да избегаат во планините! Овие 300 преживеани се посилни од најелитната дивизија на Павелиќ. Сè што имале да изгубат, го изгубиле! Деца, жени, мајки, сестри, куќи, имот. Дури и стравот од смртта е ослободен.
Смислата на нивниот живот е само во одмаздата, но ужасната одмазда за нив е, на некој начин, е срамот што преживеале! И Херцеговина, Босна, Лика, Далмација е полна со села како Пребиловци.
Масакрите врз Србите достигнаа такви размери што многу извори на вода се загадени во тие области. Од извор во Попово Поље, недалеку од јамата во која беа фрлени 4.000 Срби, извираше црвеникава вода, лично бев убеден во тоа! Неизбришлива дамка ќе падне врз совеста на Италија и нашата култура, ако, додека е вистинско време, не се дистанцираме од усташите и не спречиме тоа да ни се припише како наша поддршка на ова лудило!“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?