Македонската вокална интерпретаторка Елена Андоновска на својот музички канал на јутјуб пред некој ден ја објави својата “Видео приказна (Запеало славеј пиле)”.
Станува збор за видео наратив за 7 македонски народни песни во интерпретација на магичниот глас на Елена Андоновска, спакуван во визуелно доживување кое плени по својата продукција и естетика.
На тој редок начин публиката има можност преку ваков вид на медиум пренесен на социјалните мрежи да ја доживее магијата на Македонската народна песна со модерен сензибилитет кој што одговара на современието во кое живееме.
Видео реализацијата на ова музичкко-визуелно доживвање е на MOONLIGHT Production. Продуцент и сценарист на целиот проект е Марјан Андоновски а Режијата и монтажата на видео материјалот е на Димитар Сеизов Директор на фотографија е Дарко Елек Асистент а одговорен на камера е Петар Јованов. Светло мајстор: Милчо Александров
Музичка реализација: Музичко студио ПОДРУМОТ а како Музички продуцент се потпишува Ангел Ќосев.
Музички аранжман: Дарко Илиевски: 3,4,5. Александар Јовевски: 1,2,6,7.
Оркестар се состои од следните членови Александар Јовевски – кавал, тамбура, бас тамбура, пиано. Дарко Илиевски – хармоника, пиано Дарко Ничевски – хармоника Илија Филиповски – виолина Марјан Андоновски – ударни инструменти Филип Николовски – тамбура, акустична гитара Филип Михајлоски – канон Оливер Настовски – уд Горан Гешовски – бас гитара
Техничката изведба на целиот проект е на високо ниво што е за особен поздрав и поддршка за понатамошна работа во оваа насока.
Видеото е убав одраз за музичките и естетските вредности кои како раскош во себе ги носи Елена Андоновска, но и пошироката екипа која што е застапена на овој исклучително добар проект.
Модерните времиња бараат свој начин на прилагодување но Елена Андоновска е најубав пример како и на кој начин Македонската народна музика може да допре до пошироката публика.
Топло го препорачуваме ова половина часовно визуелно-музичко доживување за убав и незаборавен помин во овие празнични денови.
Камо среќа во иднина да се појавуваат уште вакви проекти во Македонскиот етер.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Дома“ прва песна од новиот проект на Бојана Скендеровски – КРУНА НА 23-ГОДИШНАТА КАРИЕРА!
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam