Горан Пандев испиша историја во македонскиот фудбал и по Гоце Седлоски стана вториот репрезентативец со 100 натпревари зад своето име. Македонија со убедлива победа од 3-1 над Летонија ги отвори евро-квалификациите, а мечот беше одбележан токму по јубилејот на најтрофејниот Македонски фудбалер.
Честитки за стотиот натпревар на Пандев стигна и од неговиот клуб, Џенова, кој испрати искрена порака на социјалните мрежи.
„Честитки Горан.
Ти си феноменален човек и фудбалер. Ти со гордост на својата репрезентација. Ги заслужуваш аплаузите од цел меѓународен фудбалски свет“, гласеше пораката на италијанскиот прволигаш.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист