Во организација на Културно-Информативниот центар “Романса” од Македонска Каменица од 22 до 24 август во паркот на рударите во центарот на градот ќе се реализира Летно Кино на отворено.
„Кино на отворено“ ќе се одвива во периодот од 22 до 24-ти Август
Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во Паркот на рударите пред Домот на Култура во Македонска Каменица.
Овие три вечери почнувајќи од 21 часот, публиката од Македонска Каменица, но и сите останати љубители на филмската уметност ќе може да ги проследат детски анимирани филмови но и играни филмски остварувања.
Наскоро ќе објавиме повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции на „Кино на отворено”. “
-стои во известувањето до јавноста на КИЦ “Романса” Македонска Каменица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава