Пазарџиската политика на Зоран Заев како најмоќен човек во државата веќе почнува да го доживува својот зенит на практицирање.
Во јавноста излегоа информации за расфрлање со бизнис зделки во Македонија во кои што Зоран Заев пробувал да го вовлече и го вовлекол и бугарскиот премиер Бојко Борисов
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување на емисијата “Само вистина” јавно го прозва Зоран Заев за ветувања кон бугарскиот премиер за превземање на пет огромни бизнис зделки кои што премиерот на НАШАТА ДРЖАВА ги нудел на неговиот бугарски колега.
“Зоран Заев му ветил пет бизнис зделки на Бојко Борисов.
Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните. Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период. Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на оптички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов.”
-соопшти преку социјалните мрежи Николоски.
Во продолжение погледнете го овој дел од интервјуто во кој што Николоски го разобличува пазарџиските политики на Заев.