БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фетаи се сретна со црногорска делегација за интеркултурализам

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска оствари работна средба со Људмила Поповиќ, директорка на Директоратот за интеркултурализам при Министерството за малцински права на Црна Гора, придружувана од нејзините соработници, Арбен Џурета, директор на Директоратот за заштита на малцинствата и Кристијан Дукај, самостоен советник за интеркултурализам.

На средбата се разговараше за значењето на понатамошниот развој на концептот на интеркултурализам како основа за заштита на културните вредности на заедниците, обезбедување на општа благосостојба и изградба на одржлив мир во нашите општества.

Поповиќ ја сподели црногорската искуствена практика во развојот на мултикултурни политики, кои, како што нагласи, претставуваат темел на независноста и европската ориентација на земјата. Таа ја подвлече потребата од заеднички регионални иницијативи кои ги промовираат правата и слободите на малцинствата, засновани на универзални вредности и демократски стандарди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Директорот Џурета се осврна на положбата на Албанците во Црна Гора, истакнувајќи дека нивното застапување во државните институции значително се подобрило, со учество во три министерства и една функција на заменик-претседател на Владата.

Заменик-претседателот Фетаи ги претстави приоритетите на својот кабинет, нагласувајќи ја борбата против криминалот и конфискацијата на нелегално стекнат имот, зајакнувањето на институционалната транспарентност и продлабочувањето на соработката со граѓанското општество. Тој изрази поддршка за сите иницијативи што придонесуваат за зголемување на меѓуетничкото разбирање, особено во борбата против говорот на омраза и промовирањето на инклузивен јавен дискурс.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace