Битола пополека го враќа приматот на центар на алтернативните културни појави и текови во државата. Екипата која што стои зад Метал Дисчарџ покажува како во услови на општа некултура, алтернативните музички текови можат тврдоглаво да се спротивстават на општата наезда на лудило и хаос и од истата да создадат соодветне културен тек кој што позитивно ќе влијае на развојот на локалната сцена но и пошироко ќе упати громогласни пораки кон остатокот на државата.
За 23 декември во клубот Везилка во Битола е закажан концерт на скопските панк легенди Флукс кои што соодветно ќе бидат најавени на сцената од блек метал-грајнд составот Стагнатор од Скопје.
“Легендите конечно после 12 години повторно во Битола. Скоро 30 години активно на сцена, мрсен панк со примеси на хардкор, со три албуми, по еден за секоја деценија. Во секој нареден албум се чувствува музичката еволуција на бендот, но едно нешто е константа, а тоа е нивната идеологија и текстовите каде што се критикуваат сите црни страни на нашето корумпирано општество. Флукс доаѓаат да ни приредат лекција од улицата. Се гледаме на 23 ти Декември во Везилка. Панкот не е мртов!
По некое време на стагнирање ( навидум ), грајнд, краст, блек предаторите од Скопје со нов материјал и нов вокал.
Овие харизматични момци за прв пат доаѓаат во Битола да ја ви ја објаснат формулата за продор во Матриксот. Нужност и решителност = време добро потрошено!
После ова интелигентно и тактички прецизно искуство, очекувајте поинакво гледиште на работите околу вас.
Концертот е организиран од Metal Discharge Crew и Ponder.
23-ти декември, Везилка – Битола
Почеток: 21:00 ч
Карти во претпродажба 200 ден. на врата 250 ден”
-стои во објавата на промоторите на социјалните мрежи

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!