Штипските улици во вчерашните вечерни часови беа преполни со граѓани кои излегоа да го искажат своето незадоволство од насилното носење на Законот за јазици. Присутните на протестот велат дека му даваат целосна поддршка на претседателот Иванов во намерата да не го потпише штетниот Закон за јазици кој ќе значи воведување на албанскиот како втор официјален јазик.
На протестот можеа да се забележат најразлични возрасни групи и како што истакнаа сега на македонскиот народ му е потребно обединување а не нови поделби. Организаторите најавија дека во следните денови се очекуваат нови протести кои како што најавија се очекува да бидат уште помасовни.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили