БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Галерија: Метал музиката лебди над Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод роденденот на еден од најголемите музички имиња во историјата на метал музиката Чак Шулдајнер [ (13.5.1967 година)-(13.12.2001 година)] (DEATH- гитарист и вокал; Control Denied- гитарист) во организација на неколкумина музичари и почитувачи на ликот и делото на Чак Шулдајнер, вчера вечер (петок 09.05.2025 година) се одржа жесток музички настан во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

Концертот реализиран под името “Посветено на Чак Шулдајнер 2025” (A TRIBUTE TO CHUCK SCHULDINER 2025) на најубав начин покажа дека вистинските вредности никогаш не умираат. Креативниот набој кој се излеа од имагинацијата на Чак Шулдајнер 24 години по неговата смрт покрај музичкиот, естетски и култиролошки аспект исто така е сретство за забава, дружење, медиум преку кој се пренесува љубов, заедништво, причина за опстој и афирмација на најубавите спомени од животот на сите оние кои биле дел од Македонската метал приказна.

Токму овие вредности се непроценливото богатство што Чак Шулдајнер му го остави на светот во рамки на неговиот 34 годишен живот, за што генерации после него имаат можност да го доживеат вистинското значење на животот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Синоќешниот концерт посветен на легендарниот Чак Шулдајнер се реализираше по 11 годишна пауза, но никако енергијата и жестината на музичарите на сцена и верната публика не се воопшто спласнати. Баш напротив! Таа енергија е уште повеќе присутна во овој наш заеднички животен простор, што можеше да се согледа преку присуството и криците на многу млади лица помеѓу оние повозрасните кои беа присутни во публиката.

Публиката во МКЦ вчера беше дел од вистински вртлог во Металски котел ложен на металските рифови, мелодии, солажи, длабоко- магична и натчовечка ритмика чија кулминација беа криците на вокалите на сцена донесени од дното на човековата душа на еден уметнички послужовник сервиран со многу љубов и искреност.

Виртуозните музички дела на бендовите DEATH и Control Denied беа отсвирени во еден здив, на достоен начин од страна на музичарите на сцената, кои овозможија музиката на легендарниот Чак да продолжи да живее и да остварува влијание на најубав можен начин и ден денеска. Музичката продукција на настанот зад миксетата беше на Гени што гарантираше звук и музичка артикулација за непрекинат долг музичко-естатски татнеж во свеста на сите оние кои беа дел од овој настан.

За оние кои што од крајните точки на нашата држава дојдоа во центарот на овој металски вруток вчера вечер во МКЦ во Скопје, веројатно мотивите за присуство беа многу повеќе од самата музика, која можеле да си ја слушаат по дома. Можноста да се биде дел од едно пошироко семејство на истомисленици во однос на едно маестрално музичко наследство сигурно е многу поголема причина за на квалитетен начин се потрошат 7 часа од своите животи во име и слава на ликот и делото на легендата на светската Метал Музика.

Особен куриозитет беше исполнувањето на оние не толку комерцијални песни на DEATH кои на најизворен начин посведочија зошто се темел на светската музичка метал историографија: брутални, комплексни, енергични… со еден збор натчовечки!

Македонија има силен металски капацитет изразен токму помеѓу луѓето кои беа вчера вечер присутни во концертната сала на МКЦ. Тој капацитет извира од нашите битија на горди и достоинствени Македонци- луѓе кои што најмногу од се ја ценат и сакаат вистината.

А вистината вели само едно: Метал музиката лебди над Македонија!

Таа поминува низ телото на секој еден од нас, оставајки длабоки и неизбришливо траги дека ете и ние сме постоеле и биле дел од една преубава глобална и цивилизациска приказна.

Целата галерија на фотографии од настанот може да ја погледнете на нашата фејсбук страна.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace