Денеска во Штип се организира националната еколошка акција “Викенд Генералка” на која што зеде учество ид градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
“На осум локации низ градот се реализираше големата национална еко-акција „Викенд генералка“
, во која традиционално се вклучивме сите – вработените во Општина Штип, ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“
.
Ова не е само пролетно чистење – ова е силна порака
. Порака дека животната средина е наша заедничка одговорност
. Со оваа акција ја креваме свеста за важноста на хигиената, одржувањето и заштитата на просторот во кој живееме
.
Штип е наш дом – и секој од нас има улога во неговото одржување за чисто, уредено и здраво место за живеење
.”
-напиша на фејсбук градоначалникот на Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево