Иако во минатото постојано го бркав времето, понекогаш дури и успевав да го зграпчам ритамот на глобалниот развој и стремеж сепак, останав верен на моите лични принципи. Колку и да звучи контрадикторно за мене и за моите ставови во однос на антиглобализмот одсекогаш сум бил контрапункт барајќи повеќе… Човек – армија или нешто повеќе?
Доста веќе со вашите малограѓански и недокажани тези, останете си верни на думата и устата ако сакате свет да ве верува. Здрвени од стоење го бараат заедничкиот именител и ќе пуштаат корења ама и зелени отрови.Така е кога размислуваме со полното меше!? Кондомите се јавија на првата кривина , желни за голем рејтинг а слаби по конституција а и козистенција осудени на мала медиумска покриеност. Како тесто без квасец останаа верни на старата Матрица на арамилук и кодошлук, абортирани единки на новото изгрејсонце. Не се останува верен на Народот со снимање свои браќа и сестри, не се стигнува до врвот со психопатски маневри и тапкања по рамо…. поминаа тие денови!Старата гарда ти се смее на будалштините оти си пуштено,, Топовско ѓуле” во слободен пад!
Купени за пари пусти се препелкате во својата смешна маленкост и одвратност на утрински пролив.
Беше тоа театар на лудост и циркус од кооперациски карактер. Таа беше заразена од жолта жолтица за жолтици? Како и сите нејзини врски таа беше и си остана со слугински менталитет, нехаризматична девојка, оценета со двојче.
Доста веќе со стари и минати приказни за некои си минати времиња, запрчете тоа ракавите за да не слугувате и понатаму! Ништо ли не ве научија по дома? До кога со тој погрешен правец? Нашите родители не научија на еснафлук!
Армија од арамолебци се приклучи кон белото стадо на нови идеи и контрареплики. Разкрчмена територија оставаме во Завет на нашите поколенија.
Оставаме оловни облаци од чад и густеж во детските грла и гради?! Оставаме само долгови на местото на потенцијалниот континентален мост кој треба да ја поврзува нашата економија со остатокот од светот.
Вашата слика за светот е од една страна психопатска а од друга шверцерска и полумафијашка… имате искривена претстава за се она што се нарекува демократија и култура. Во главата на една средовечна жена Вие ќе останете само алка и нишан како до нова калкулација. Не бидете личности без идеа и смелост, ама не брзајте како оној налик на воин но брзоплет ловец од третиот ред?! Ве гледам, ве познавам и се чудам: До толку ли ви е инфицирана мислата?
И утре ќе свети сонце и ќе има ден, само вие ќе плачете по мудрата госпоѓа која можеше се да ви даде а вие избегавте како последни кукавици!
Пишува: Гоце Марков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час