ВМРО-ДПМНЕ добива нов силен ветар во грб со млади, перспективни и капацитативни кадрови решенија во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија.
На синоќешната седница на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани 53 претседатели на општински ограноци на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
За нов претседател на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е избран Гоце Ѓоргиевски.
Гоце е успешен млад човек кој што без разлика на неговата возраст има постигнато голем број на успеси за еден млад човек. Тој е еден од милениците на делчевската спортска јавност како ракометар со постигнати голем број победи за својот ракометен тим.
Моментално Гоце е студент на Медицинскиот Универзитет во Софија.
Гоце Ѓоргиевски доаѓа на местото Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево заменувајки го Кристи Стојковски кој беше повеќе од еден мандат на оваа партиска позиција.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.Низ годините, Унијата на млади сили прерасна во носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, сила која ја движи партијата напред кон нови победи и успеси. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Многу големи жртви, издржливост, трпеливост и пред се, љубов, верба и надеж се во темелот на најјаката младинска организација во Македонија – Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа