На дневен ред на седница на собранието на Република Македонија денеска беше точката за продолжување на енергетската кризна состојба во државата.
Во рамки на парламентарната расправа свое обраќање имаше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој аргументираше за генезата за постоењето на четирите кризни состојби во државата .
“Вечерва на дневен ред е нова кризна состојба. Нема држава во светот што има прогласено 4 кризни состојби во исто време!
Владата потфрли во превенцијата на кризите а тоа и е законска обврска!
Тоа е затоа што институциите се партизирани, наполнети со нестручни и некомпетентни кадри.
Македонија купува најскап гас, 4 (четири) пати поскап од Србија, Романија итн. Ад-хок Владата на ДУИ и СДСМ е природна непогода за македонското стопанство и македонската држава.”
-соопшти Драган Ковачки преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси