Голем шумски пожар е лоциран во атарот на селото Ротино (Пелистер) – соопшти битолската општина.
Во соопштението е наведено дека битолската противпожарна единица е на терен и ги презема сите мерки но засилен ветер го разнесува и проширува пожарот кој претставува закана за моликовата шума.
Пожарот го гасат локалното население, вработените во НП Пелистер, пожарникари од Битола и Ресен, а општината на помош бара авиони за гасење на пожарот.
„Имајќи ги пред вид околностите и тешко пристапен терен, ангажирани се противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК. Локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко, “
– пишува во соопштението.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи