БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Голема поддршка за Иван Соколов од жителите на село Град

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како дел од предизборната кампања за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов заедно со дел од кандидатите за советници во текот на вчерашниот ден беа во посета на селото Град.

Ова е селото во кое Иван Соколов го поминал поголемиот дел од своето детство и во кое и ден денес живее неговата мајка со дел од поширокото семејство.

На синиќешниот митинг во центарот на селото жителите на село Град излегоа во голем број за да му изразат лична поддршка на “човекот од народот” (како што тие самите го нарекуваат).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На граѓанскиот собир Иван Соколов им се обрати на своите блиски пријатели со кои израснал, како и помладите жители на селото, промовираќи дел од своите заложби и проекти од предизборната програма за наредниот 4 годишен мандат.

Покрај мноштвото други проекти, во програмата 2017-2021 година планирано е изградба на улици во селото Град, донесување на урбанистичка документација за селото и туристичкиот локалитет Градиште кој се наоќа во селото, реоконструкција на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето на селото, мерки за поддршка на малите и средни претпријатија во руралните средини во кои спаѓа и селото Град, оспособување и пробивање на селските и шумските патишта во атарот на селото, брендирање на пијанечката слива и производи од истата, со оглед на фактот што селото Град е познато по поголемите капацитети за производство на слива.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace