Актуелниот градоначалник на општина Делчево Горан Трајковски во 2017 години ветуваше изработка на Студија и проект за водоснабдување на туристичкиот локалитет Голак. Станува збор за хартиени документи за кои што Горан Трајковски ги излажа гласачите во Делчево дека ќе ги обезбеди до 2020 година.
Денеска Горан Трајковски како кандидат на Зоран Заев и СДСМ по втор пат ја бара довербата од Делчевчани за да стане градоначалник ветувајки дека ќе изработи “квалитетна техничка документација” за водоснабдување на Голак. Тоа актуелниот градоначалник го прави преку пропаганден видео клип снимен на планината Голак со анимација за некакви замислени сини линии кои што треба да створат впечаток дека нешто е направено за Голак, а во суштина апсолутно ништо не направи во изминатите 4 години во однос на своето ветување.
На видео клипот кој што во јавноста треба да створи лажна перцепција дека нешто се реаботело, може да се забележи како Горан Трајковски разгледува некакви графички цртежи, за к ои што оние поупатените во проблематиката знаат дека се само копии од урбанистичкиот план за Голак донесен во 2006 година кои што немаат врска со студија и проектот за водоснабдување на Голак ккој што Горан Трајковски го вети во 2017 година
Наместо ветениот проект од 2017 година, денеска делчевчани добија видео анимација со некакви измислени линии и нови ветувања за наредните 4 години од страна на Горан Трајковски.
Дали делчевчани и овој пат во недела ќе му поверуваат на Горан Трајковски за да му го дадат својот глас за градоначалник останува да видиме.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани