„За да им биде јасно на граѓаните дека ќе победиме, прво таму каде што победуваа досега, а тоа е трета изборна единица или Источна Македонија ќе победиме 90 на 10 во проценти. Тие ги имаа таму бројките и на гласови и на советници, и на сè. Ќе ги победиме. Штип ќе победиме, Кочани ќе победиме, Пробиштип, Берово, Виница, Делчево, Крива Паланка, Куманово, Старо Нагоричане … Ќе ги кажам сите. Знаете како, остануваат борбите во помалите рурални средини каде верувам дека исто така може да победиме, но нема дилема барем во тие што ги набројав дека ќе победиме“,
-рече Заев во емисијата 200 на Алсат ТВ.
Условите за живот особено во источна Македонија сведоци сме дека од ден во ден се повеќе се влошуваат како резултат на лошите политики на актуелната апсолутна власт која ја има Зоран Заев како на централно така и на локално ниво. Исселувањето од Брегалничкиот регион е драматично а големо мнозинство на граѓани кои што се вработени во државите институции се единствените кои што имаат каква-таква финасиска сигурност иако и нивните семејни буџети се десткувани од рапидното зголемување на цените на производите и услугите кои се неопходни за основен животен стандард.
Дали методите на поткуп со државни ресурси, присила по однос на вработените во администрацијата или стравот од рушење на сопствениот каков-таков комодитет ќе овозможи на СДСМ и Зоран Заев да оствари поволен резултат на претстојните избори во недела останува да видиме. Она шти е со сигурност извесно е дека гласот даден за кандидатите за градоначалници или советници од редовите на СДСМ е глас даден за опстој на актуелните политики на Зоран Заев во цела Македонија, чии што резултати ги дотераа граѓаните на цела Македонија на работ на егзистенцијална нестабилност по сите основи.
Ваквата слика на распаднат животен стандард е особено истакната во крајниот исток на државата, каде граѓаните веќе не гледаат никаква егзистенцијална сигурност за себе и своите семејства и времето го поминуваат врз основа на принципот купи ден-продај.
Кандидатите за градоначалници кои што во голем дел се повторно кандидати за градоначалници на овие избори во Брегалничкиот регион во последните денови од кампањата се впуштени во директна злоупотреба на државни ресурси во нивен личен и партиски интерес во забележителна паника за освојување на глас повеќе на изборите во недела.
Од извори кои што биле или се уште се дел од системот за притисок и влијание на СДСМ добиваме информации дека лично кандидатите за градоначалници или нивни лични послушници кои што се директно зависни од влијанието на градоначалниците вршат притисок, закани и контрола на слободно изразеното гласачко право во функција на остварување на глас повеќе за СДСМ или сузбивање на незадоволните гласачи да не излегуваат на гласање.
Ваквата појава иако е многу тешко да се документира и докаже со материјални докази, но постојат делови од комуникација извадена од социјалните мрежи и интернет канали за писмена комуникација кои говорат за нервозата и паниката кај владеачките функционери на СДСМ.
Извесно е дека времето на актуелната власт предводена од Зоран Заев и покрај неговите оптимистички најави дадени од немајкаде е на залез. Колку граѓаните на источна Македонија ќе успеат да излезат од системот на пресија и постојан притисок кој им го вршат актуелните локални моќници на СДСМ останува да видиме, но едно е сигурно:
Зад параванот секој граѓанин е господар на сопствената волја и избор во каква иднина сака да живее.
Пишува: Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гадните 90-ти и антикапиталистичкиот отпор со снежни топки
Пакетите од Шикло
РАБОТНИЧКАТА КЛАСА НА ОЛИМПИСКИ