БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гордана Сиљановска: Претседател за сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прашање, новинар:

Вие вчера испратив една порака на твитер после изјавата на премиерот дека ќе преработи метлата и најавува чистка после 5 мај, Вие на еден директен начин му испративте нему порака, може ли тоа да го искоментирате?

Гордана Сиљановска: 

Па ќе повторам, прво претседателската кампања не е место за учество на премиер во кампањата секој ден, ниту за учество на министерка за одбрана а уште помалку на министер за внатрешни работи. Иако не се парламентарни избори во прашање тие треба да  се однесуваат технички зошто тоа се и мојот премиер, и нашите министри. Значи линијата меѓу државата и партијата е пречекорена.

Второ не треба да сте експерт по избори, особено не на ОН за да заклучите дека во историјата на Европските избори од било каков вид се нема случено ваков колапс на легитимитетот, да изгубите за 18 месеци 40 проценти од гласачите или нешто околу 200.000 гласачи е силно предупредување не само за пораз на претседателските избори, туку и за очекуван пораз на следните предвремени парламентарни избори. 

Она што е шокантно исто така е сето колнење дека нема да имаат кон мене кампања, ние впрочем и потпишавме кодекс во ДИК, очигледно е дека уште денеска и вчера се чувствува таквиот начин  на напад, како да толкувам  иначе  квалификација од типот на албанофоб. Видете,  за некој како мене тоа е всушност признание за хомофобија ама и за умофобија, мора да кажам бидејќи еве нешто ќе посочам, не знам колку жени има во Македонија, мислам дека бев единствената со уште една пратеничка од ДПА која неколкупати учествувала на свеченоста на Ифтарот среде сите мажи, зошто претседателот на Светскиот конгрес на младите значи припадници на исламот бил мој бивши студент. Тоа е навредливо, тоа е квалификација што  не држи, но што можам да кажам јас.

Јас отворено изјавувам дека во ЕУ се оди и датум за преговори се добива само со беспоштедна битка со корупцијата и криминалот, со непотизмот, само и само на крилјата на владеењето на правото, така  корист од таквиот модел на демократија, ги имаат и младите и возрасните и сите кои се за Македонија како европско место за живеење.

Резултатите од битката со сите овие процеси кои ги напоменав ги нема, ние нема да добиеме почеток на преговори, тука не ви помага ни ЕУ ни НАТО да повторувате реторички, ниту да се колнете во Европската унија, потребни се европски процеси.

Ја тврдам дека тоа што сум го предавала, тоа што сум го ветила ќе го спроведам и на тоа останувам. 

-изјави денеска како дел од својот одговор на новинарски прашања, претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова, за медиумите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Остатокот од нејзините одговори на новинарските прашања слушнете ги во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace