До поддржувачите на таборот БОЈКОТИРАМ
Сите оние кои вчера седеа дома, оние кои беа на прошетка, на гости, во кафана, на викенд, и било каде на друго место од 7 часот наутро до 19 часот навечер, а не појдоа на избирачките места, погрешивте.
За разлика од референдумот каде што неизлезеноста значеше бојкотирање на референдумот за кое што прашање требаше да се гласа (еден од огромниот број бев и јас, што ниту тогаш, ниту сега, ниту во иднина ќе помислам на поддршка за Преспански договор), овие избори се почеток на една долга борба, борба против оние што ни го променија и името и идентитетот, и дома и надвор во странство.
Овие избори се средство и почеток на крајот на едно неславно владеење на Заевизмот, преполно со корупција и скандали, обесчестување и етноцид на еден народ.
Овие избори се прашање за Слобода или Смрт почитувани бојкотирачи, Слобода за секој еден граѓанин кој живее во рамките на овие граници, Слобода за секој еден граѓанин кој избегал надвор од границите поради притисоците и разочараноста што ги доживеал од оваа нелегитимна влада, Слобода за секое дете кое што го гледате во училиштата кое треба да расне и да живее во оваа држава, Слобода за подобро утре, Слобода за внатрешен мир.
Почитувани членови бојкотирачи, не само што донесовте лоша одлука со тоа што не излеговте да гласате, туку она за кое сите се бориме (нанесената неправда за промена на името која сите не боли) ќе не однесе во друг правец.
Одбраната на ПРАВДАТА е во сигурни раце,
правдата ги стига оние кои чесно ја чекаат да дојде.
Правдата иако доаѓа споро како желка, таа кине силно како лав.
Татковината ги повикува сите оние кои и мислат добро на својата земја, на својот народ, на своите деца за нивна сигурна иднина.
Татковината ве повикува и Вас, да застанете рамо до рамо за конечна победа.
Имаме помалку од 2 недели за конечна победа.
Режимот е на колена, и бара со пенкало да биде срушен.
Бидете живи и здрави.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!