Објава на фејсбук на Професорката Гордана Силјановска Давкова со која бара поддршка во форма на потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на Република Македонија:
Почитувани сограѓани,
Како што ветив во Струга, Ве известувам дека и формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура.
Од утре, сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, во подрачните канцеларии на ДИК низ цела Македонија, ќе можете да ги дадете вашите потписи.
Време е – без разлика на партиската, етничката, половата, социјална и старосната структура – да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала.
Во текот на денот, дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи.
Со почит
Гордана Силјановска Давкова



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена