БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сашо Тасевски: Да си кажете јавно дали се поврзани смртните случаи на дечкото денес и на медицинската сестра минатата недела

Пренеси го гласот

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски:

Да си кажете јавно дали се поврзани смртните случаи на дечкото денес и на медицинската сестра минатата недела. Ако се, дали се тоа убиства од организирана група со некоја цел или починатите се жртви на потенцијален сериски убиец. Ако се самоубиства кажете го и тоа. Излезете еднаш со јасни информации, оти станува лудо. Решетање на рузвелтова, обиди за киднапирање деца во Шутка, татко силувал ќерка, ќучиња закопани полуживи во Пехчево, напади на полицајци и полицајки, денес втор напад, насилник ја скршил полицајката од ќоттек пред колеги, напади на притвореници во Шутка… И сите гледаат како некој тепа, никој со прст не мрда. Што е ова бе? Треба дома заклучени да седиме? Дали е воопшто безбедно на улица?

Креирано од:


Пренеси го гласот