БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината.

Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите ќе бидат сместени во другите седум училишта училишта и во детската градинка, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот текстилен отпад, односно текстилните производи коишто повеќе не ги користат.

Целта е текстилниот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Откако ќе се наполни контејнерот, компанијата „Екотекс груп“ ќе го испразни, за тој да продолжи на натамошен третман.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според законите за управување со отпад, општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за текстил. За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат текстилниот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.  

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace