БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на Штип добиваат модерен полузатворен пазар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска градоначалникот на Штип Иван Јорданов беше на лице место на локацијата каде што се гради полуотворениот нов градски пазар.

Станува збор за капитален проекти кој што ќе значи подобрување на локалната економија и додадена вредност за локалното стопанство, од што корист ќе имаат голем број граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Објектот се состои и модерна и репрезентативна метална конструкција која покрива 1200 м2 корисна површина која ќе овозможи поблагопријатни услови како за пазарџиите и имателите на тезги на пазарот, така и за граѓаните кои што ќе пазарат на пазарот.

“Во завршна фаза се активностите Штип да добие модерен полузатворен пазар !

Поставена е челична конструкција на површина од 1200 м2,а во наредните денови ќе се изврши бетонирање на платото и асфалтирање на пристапните улици.

Наредниот месец очекувме да бидат поставени нови тезги со што ќе се овозможат одлични услови за продавачите и купувачите.

Со оваа инвестиција,како локална самоуправа реализираме уште едно децениско барање на граѓаните од Општина Штип.”

-информираше градоначалникот Иван Јорданов во врска со овие тековни активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace