БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните повеќе нема да скитаат од шалтер на шалтер низ лавиринтите на администрацијата

Пренеси го гласот

Во изјава за нашиот портал Стефан Андоновски- заменик министер за информатичко општество и администрација од Делчево најави целосна дигитализација а со тоа и значително подобрување на услугите на администрацијата. Во целиот процес кој што се базира на две фази планирано е по креирањето на новата влада по изборите предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се воспостави нова дигитална инфраструктура која потоа ќе биде интерконектирана за ефективна оптимализација на услугите на администрацијата во државата на сите нивоа како и услужен модул за користење од страна на граѓаните.

Носител на ваквата дигитализација ќе бидат вработените во администрацијата кои што ќе бидат во целост ставени на располагање на самиот процес а со крајна цел значително подобрување на услугите кон граѓаните.

Целата изјава на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски погледнете ја во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот