Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција упати порака до функционери на СДСМ кои што вршеле притисок во функција на изборната кампања за СДСМ при што ги охрабри граѓаните да не подлегнуваат на ваквите притисоци.
“Ми јавуваат од терен дека градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка вршат злоупотреби на институциите и вршат притисоци на граѓаните, истото се случува и од страна на Сања Лукаревска, која врши директна злоупотреба на институциите и во Берово и во Свети Николе.
Меѓутоа треба да знаат, дека секоја постапка има своја последица, одговорноста ќе стигне на 9 мај!
Ги повикувам граѓаните да не се плашат и да се охрабрат, масовно да излезат на 24 април да го заокружат бројот
за Гордана Силјановска Давкова и заеднички да ги донесеме промените, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.”
-рече денеска на прес конференција Драган Ковачки- носител на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево