БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалниците зимскиот период го користат во обезбедување документација и финансии за напролет да започне силна реализација на проекти за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалниците кои произлегуваат од ВМРО-ДПМНЕ во општините каде посветено работат на подобрување на живеачката за граѓаните, ги користат овие месеци кога не може да се работи на терен поради ниските температури, за приготвување и обезбедување на техничка документација како и обезбедување на финансиски сретства за реализација на крупни проекти кои што сериозно ќе го подобрат стандардот за живот во овие општини.

Како резултат на посветената работа, пред се поради упорноста и оправданоста на нивните проекти градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да се наметнат и кај Министрите на СДСМ и ДУИ за обезбедување на финансии од Буџетот на државата за реализација на капитални проекти во наредниот период.

Иако рамномерниот регионален развој е законска обврска на централната влада предводена од Димитар Ковачевски, таа не беше многу даровита во минатите две години на сретства од буџетот на Владата за реализација на проекти во општини каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, со цел за да покажат неуспех во нивната работа овие градоначалници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но упорноста и посветеноста на градоначалниците овозможи на една од претходните седници на Влада тие да успеат сега да добијат финансии за проекти, иако политички тоа значи пораз на целокупните политики на СДСМ, затоа што кога имаа тие поголем број на градоначалници низ државата пред 2021 нивото на реализација на проекти беше значително помало од сегашниот број и ниво на проекти изработени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Така градоначалникот на Пехчево Александар Китански успеа да го финишира целокупниот проектен процес за обезбедување на комплетна апликација за изградба на долго очекуваниот локален пат кој ги поврзува селата Чифлик и Умлена. Покрај оваа значајна сообраќајница градоначалникот Китански штом дозволат временските услови ќе започне и со реализација ан повеќе улици за жителите на општина Пехчево.

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов во изминатиот период ги надмина сите перипетии околу изградбата на мовата спортска сала која беше невозможна мисија за неговите претходници од СДСМ. Новата спортска сала народски наречена „Џексон“ ќе биде еден од најубавите инфраструктурни проекти од ваков вид во цела источна МАкедонија, кој што го заслужуваат самите граѓани. Покрај оваа сала со пари од општинскиот Буџет ќе бидат реализирани и поголем број инфраструктурни проекти кои сериозно ќе го подобрат животниот стандард на штипјани.

Покрај овие општини, граѓаните на Кисела Вода, Охрид, Велес, Македонски Брод, Јегуновце, Бутел и Ѓорче Петров како и сите останати општини каде ВМРО-ДПМНЕ имаат свои градоначалници реализираат голем број на значани проекти што од нивните предизборни програми, но и проекти кои произлегуваат од секојдневната комуникација со граѓаните, стопанството и невладиниот сектор.

Целокупната посветеност и работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на строго дефинираната партиска доктрина под раководство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој лично е вклучен во процесот на надгледување на реализацијата на проектите од предизборните програми на градоначалниците од неговата партија.

Токму овој систем на строга хиерархија и посветеност на главбните цели на партијата за обезбедување на подобар живот за Македонските граѓани се покажува плодотворен како на краток така и на долг рок за развојот на општините и целокупниот развој на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace