Денес во работна посета на Штип беше Амбасадорот на САД, Џес Бејли. Тој одржа предавање на Правниот факултет во Штип. На истото Амбасадорот истакна дека широко распространетата корупција и слабото владеење на правото се главните причини поради кои младите ја напуштаат Македонија. Поради ова младите стануваат демотивирани, ја губат довербата во системот и се оставаат без прилики со што донесуваат одлука да ја напуштат државата истакна Амбасадорот. Според него нефункционирањето на институциите и поради тоа неможноста да завршат соодветна работа, граѓаните самите поттикнуваат корупција. Ова можеби изгледа ситна работа за поединци но за државата носи огромни штетни последици додаде Амбасадорот Бејли.
Покрај предавањето Џес Бејли се сретна и со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. На истата станало збор за актуелните состојби во општината и за идните проекти кои се планираат да се реализираат. Бочварски ја искористи оваа прилика на амбасадорот на САД да му додели плакета за целиот придонес што тој го има дадено за Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево