| Штипскиот второлигаш најавува промени, а започна, секако, со нова управа
Вчера на Градскиот стсдион во Штип првата работна средба, по изборот, ја одржаа новите раководители на Брегалница. Тоа се Елмир Мандак, спортски директор, Марјан Атанасов, извршен директор, Зоран Георгиев, Мане Ризов, Никола Штериев и Стојан Шумански. Освен Елмир Мандак, сите други се членови на Бордот на директори во Брегалница. Секретар е Борис Цеков.
„За кратко време ќе биде именуван и претседател на клубот. Се договоривме за неколку програмски задачи, како на пример за заокружување на играчкиот кадар со фудбалери кои порано ги бранеле боите на Брегалница, а сега играат во други екипи, како и да најдеме решение за теренот на Градскиот стадион, кој не е во најдобра состојба. За таа цел, веќе разговаравме со одговорните во ЈП Исар и се договоривме до почетокот на март идната година теренот да биде доведен во првобитната состојба кога беше изршен и технички прием.Исто така, очекуваме и Советот на општината да го доинесе Буџетот, за да видиме со колкави средства ќе располагаме“ ни рече Елмир Мандак.
Инаку, амбициите на Брегалница ќе бидат да создаде стабилен лигаш и ако се даде можност да се бори за првите две места на табелата и експресно враќање во Првата лига. |
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија