БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост во Кочани. 

Во присуство на директорката на Центарот за социјални работи Марија Гицова и на стручни служби, на децата што ги користат услугите од Дневниот центар им беа доделени подароци и беше разговарано за нивните потреби и за тековните активности.    

– И како граѓанин и како градоначалник сметам дека овој ден не е единствен кога треба да  направиме нешто за овие лица,  туку денес треба да се потсетиме на нашите постојани обврски  кон нив – истакна градоначалникот Грозданов. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во насока на подобрување на можностите за лицата со попреченост, Општина Кочани, граѓанска организација и СОУ „Љупчо Сантов“ го реализираат проектот „D-DAYS“ од програмата  „Еразмус плус“, во кој целна група се децата со попреченост. Проектот има за цел да им ги подобри вештините на децата со попреченост и да ја помогне нивната инклузија.

Креирано од:


Пренеси го гласот