Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во текот на денешниот ден присуствуваше и се обрати на големиот народен собир на иселениците од Виница кај манастирот “Св. Спас” во виничкото село Драгобраште.
“Денес присуствував на 5-та иселеничка средба која традиционално се одржува во дворот на манастирот Св.Спас во с.Драгобраште, организирана од Здружението Камен Мост на Македонците во Италија.
Овој настан е од големо значење за нашата општина бидејќи ја покажува поврзаноста на иселениците со родната земја и со најблиските. Ваквите средби и видувања не сплотуваат, со вакви средби ја негуваме и одржуваме нашата традиција, култура, идентитет.
Печалбарството навистина остава траги во развојот на општината и на државата, но горди сме што Македонската дијаспора од секогаш била гласот кој во светот ја шири вистината за Македонија и се грижи за својот идентитет, за фолклорот, религијата, обичаите..
Токму затоа општина Виница и во иднина ќе се залага и ќе биде покровител на вакви и слични манифестации кои имаат заеднички интерес за доброто на сите граѓани и на сите иселеници.”
-соопшти во јавнотста градоначалникот на општина Виница Миле Петков во врска со оваа традиционална средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа