Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари средба со претставници на Доброволната планинска спасителскаслужба „Осогово“, на која се разговараше за актуелната состојба, ангажманите на доброволците, реализираните активности, како и за предизвиците со коишто се соочува оваа служба.
На средбата беше истакната важноста од обновување и зајакнување на соработката со овој тим за брзи интервенции, кој доброволно функционира како поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување, особено во услови на кризни ситуации и интервенции на планински терени.
Градоначалникот Грозданов ја изрази подготвеноста на Општина Кочани да обезбеди поддршка за работата на Доброволната планинска спасителскаслужба „Осогово“ во текот на 2026 година, нагласувајќи дека нивниот придонес е од исклучително значење за заштитата на човечки животи и за справувањето со различни кризи.
Според годишната програма на Доброволната планинска спасителскаслужба, во наредниот период се планираат редовни тренинг-сесии и обуки на спасувачките тимови, како и активности за подигање на јавната свест. Во таа насока ќе се реализира континуирана едукативна кампања за посовесно и поодговорно однесување на граѓаните при престој и движење на планинските подрачја.
Општина Кочани и Доброволната планинска спасителскаслужба „Осогово“ ќе продолжат со заедничка координација за да се зајакне безбедноста и подготвеноста за навремена реакција во вонредни ситуации.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево