БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Кочани Папазов се придружи на денешниот планинарски марш околу езерото Гратче

Пешачењето е здравје: Денеска во претпладневните часови поголема гупа на млади луѓе од Кочани беа дел од планинарски марш околу езерото Гратче со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, под мотото „Пешачењето е здравје“ реализираше прошетка околу езерото Гратче во која учество зедоа неколку десетици млади луѓе од Кочани. 

Членови на КПС „Осоговски орел“, граѓанки и граѓани- рекреативци поминаа патека долга 7 км, почнувајќи од местото Тополник, преку Галабо до Мактеон, па се спуштија кон  Водопадот на Голема Река. Попатно правеа паузи уживајќи во сончевото претпладне, во природата и убавините на познатиот кочански предeл. 

Во прошетката учествуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека целта на оваа активност иницирана и поддржана од Општина Кочани е да ја поттикнува физичката активност како фактор за добро здравје, соработката со граѓанскиот сектор и едновремено да ги потенцира природните потенцијали на Кочани. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 г. 

Овој настан е убава можност за унапредување на соработката меѓу младите луѓе и институциите на локално ниво од една страна но и афирмација на локалните знаменитости и потенцијали кои што можат да се искористат за промоција на општината Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace