Македонскиот ска-рок бенд Суперхикс после подолго време го објавија својот нов хит-сингл насловен “Сила и нервоза”.
Песната е направена во соработка со арт-рок бендот Фолтин кои исто така после подолго време ја реактивираат својата музичка имагинација во конкретно музичко дело.
Станува збор за насловна тема на новиот албум на Суперхикс кој што ќе биде промовиран на 16 април со почеток во 12.00 часот на пладне во Домот на културата “Билјана Беличанец” во скопска Кисела Вода.
Целокупното авторство на песната е дело на членовите на бендот во соработка со Фолтин.
“Сила и нервоза” го има добро препознатливиот ска- џангл ритам со кој што бендот е препознатлив на неговите претходни осум албуми со напомена дека станува за певливо полежерна песна која што текстуално се занимава со психолошката состојба на поединецот во ова тмурно и турбулентно време на општествени прекршувања меѓу минатото сегашноста и иднината.
Рефренот е лесно певлив и останува запаметен во свеста, за кога поминат 3 минути слушателот повторно да посака да ја пушти да ја слуша.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!