БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Грчките земјоделци на протест- блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Аирлија протестот, па и на Македонска глава еден нека се случи…

Меѓу 19:30 и 20 часот по локално, односно 18:30 и 19 часот по македонско време се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, што ќе трае час и половина до два часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во следните денови, до понеделник, 26 февруари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во понеделник, додека во Брисел биде состанокот на министрите за земјоделство на Европската Унија, земјоделците во Грција најавуваат протести на повеќе локации, а не е исклучена можноста да се одржи и на граничниот премин Евзони (Богородица).

Земјоделците од северниот дел на Грција веќе извесен период ги имаат паркирано нивните трактори на конкретниот граничен премин, а од вторникот периодично го затвораат во вечерните часови.

Креирано од:


Пренеси го гласот