БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ .

Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем.

Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори.

Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме.

-соопштение на ВМРО-ДПМНЕ упатено во јавноста

Креирано од:


Пренеси го гласот